( последна слика )
Блогот е комплетно истиот од blog.mk . Направен е со цел да се сочуваат записите постирани на таа платформа со оглед на нејзината непостојаност . Не е исклучено блогирањето да го продолжам на оваа платформа без притоа да ги префрлам записите таму.
Tuesday, November 23, 2010
Љубичицата цвета
Во еден од постовите за љубичиците напоменав дека ја добив на поклон , но беше болна најверојатно заради неквалитетната земја во која беше претходно сместена . Како што и напишав тогаш веднаш ја пресадив но поминуваа месеци и љубичицата не се менуваше . Немаше ниту нови ливчиња ниту нови цветови . Тогаш претпоставував дека и е потребно време на прилагодување иако беше сместена во поволни услови покрај прозор и редовно наводнувана . Не згрешив . Иако помина летото љубичицата не почасти со цветови убави големи во средината на ноември . За мое чудо цветовите траат веќе две недели . Обично другите љубичици ми цветаат и зимно време бидејќи се во многу топло , но нивните цветови се помали и траат 2-3 дена па се заменуваат со нови .Оваа ме изненади .
Овде може да го видите постот каде прв пат е објавена љубичицата со болни листови и цветови http://nteresenblog.blogspot.com/2010/07/update.html
( последна слика )
( последна слика )
Monday, September 13, 2010
Јас веднаш да се пофалам
Само што ги донесе татко ми и јас веднаш ги средив т.е ги засадив еве веднаш да си се пофалам на блог . Татко ми доби на поклон неколку розети Чувар на куќа . Му ги поклонија комшии од зградата каде што живеам . Ги имале многу во дворот . Резниците ги засадив веднаш а едно добив со се саксијата зафатено . Не знам дали сите ќе се зафатат ама јас им стискам палци .Се издрадував особено бидејќи го изгубив мојот Чувар на куќа . Од тој останаа само неколку бебиња кои исто така ги фотографирав :)
Ова подолу се моите бебиња чувари .
Благодарам чичко Ристо и тетка Борка
Ова подолу се моите бебиња чувари .
Благодарам чичко Ристо и тетка Борка
Thursday, September 9, 2010
Идеја -семчиња од околината
Се чувствува дека летото уште малку ќе почне да ни „мафта“ за збогум до следната година . Веќе некаде почнуваат да стасуваат плодовите кои обично ја карактеризираат есента . Имам желба да израснам во саксија некоку дрвја кои ќе можат да презимат надвор , а потоа да ги обликувам се надевам во успешно бонсаи . Бидејќи оној концепт „земи од природата“ не се покажа како многу успешен за мене ,а семчињата од купените плодови не р`тат бидејќи тие плодови се собрани зелени , оваа година се послужив со плодови кои ги најдов во мојата околина . Во еден од парковите забележав ситна јаболкница т.е петровка , потоа неколку грмушки кои даваа интересни црвени плодови кои наликуваат на цреши , потоа неколку шишарки од разни зимзелени дрвја и сл . Подолу се моите досегашни собрани плодови и неколку исчистени семчиња ,а како ќе доаѓа есента се надевам и на други плодови . Половината планирам да ги подготвам и да ги засадам есенва а другата половина напролет .Идејата за есенското садење ми е да им овозможам да презимат семчињата под почва на ладно ,ова на некој начин ќе ги симулира природните услови во кои тие се развиваат ,а ако не никне ништо ќе садам и напролет .Па од сето тоа ќе видиме што ќе испадне бидејќи се се базира на моите идеи ништо вакво досега не сум пробувала ... .Бидејќи не очекувам голем процент да никнат ќе биде добро ако израсне по едно од секој вид од многуте семчиња
Sunday, September 5, 2010
Бенџамин -Ficus benjamina
Бенџаминот многу често се сретнува во нашите домови како помало или поголемо растение некаде и како цели грмови со висина од два и повеќе метри . Бенџаминот е едно најлесните растенија за одгледување . Треба да биде постојано влажен , изложен на дифузна светлина т.е индиректно сонце и да се заштити од прекумерен студ . Има еластично стебло кое со тек на годините оцврснува , па во првите години можете да го обликувате како сакате дури и да си сплетете плетенка од три стебленца . има еднобоен темнозелен малку издлжен лист , но се сретнува и варијанта со бело пребојување на листовите . Она што битно ќе ви го нагласат во секоја цвеќара е дека треба да го туширате во летните денови , некои ќе ви кажат дури и секојдневно . Она што ќе заборават да ви кажат е дека треба да користите дестилирана вода за секојдневно туширање бидејќи тврдата водоводна вода ќе остави бели флеки . Дури и со бришење на листовите по повеќе години на дрвото кое го одгледуваат моите родители на одредени места се појавија такви флеки . Наместо тоа и за да не биде тоа секојдневна обврска самата си воспоставив правило кое се покажа одлично наназад веќе три години . Зимно време туширањето е комплетно исклучено , единствено внимавам земјата да биде секогаш влажна , не водена туку влажна , никако сосема сува . Летен период го туширам секои 15- тина дена кога е топло и кога ќе забележам прашина на листовите водејќи сметка да му е и време за полевање да не биде премногу вода во саксијата . Го туширам со водоводна вода . Потоа листовите ги бришам со книжна салфета така што не оставам капки . На тој начин годишно туширањето е сведено на 5-6 пати и во колку настанат флеки во текот на годината тие листови и ќе отпаднат . За прихрана употебувам најобично ѓубриво за цвеќиња . Бенџаминот се размножува со отсечени делови од растението и тоа со многу голема успешност над 90% од исечените стебленца закоренуваат и растат .
Заради вака лесното размножување стебленцата од дрвото кое го одгледуваат моите родители ги користам во обиди да направам бонсаи .Тоа почна пред 3 години . Од тогашното сечење зедов само едно стебленце и нормално ништо не направив . Растението не се исуши , баш напротив тоа добро напредува , но ни оддалеку не може да се рече дека има било каков облик на бонсаи .Стана само мало растение и за три години обликување може да се „пофалам“ дека тотално сум го утнала :) . Можеби со понатамошното обликување некогаш ќе заличи .... Другите стебленца се помлади од една година па затоа ќе ги фотографирам другпат ако останат здрави и живи .
Бенџамин плетенка
Последната слика е земена од следниот сајт :
http://www.foliageunlimited.net/recommended-office-plants.htm
Бенџаминот заедно со Дракаената е на листата на Растенија пречистувачи на воздух

Tuesday, August 31, 2010
Црвена детелина
Ова рестение е доста често по домовите терасите , а и на пазарите . На моите е едно од омилените. Има несекојдневен изглед . Листовите му се црвени личат на листови на детелинка само малку по косо и надолу поставени .Можеби и затоа така го добило името кај нас - латинското име на растениево не го знам .Мене листовите ми личат на пеперутки . Расте во вид на жбунче т.е од коренот тргаат неколку стебленца кои се многу кревки од кое секое завршува со ливчиња . Има мал ситен , но преубав виолетов цвет . Многу е лесна за одржување . Редовно да биде влажна никако премокра . До сега не сме ја прихранувале па не би знаела што точно да ви препорачам . Но и без прихрана нашата стана огромна .Во однос на светлината ја чуваме во сенка во најтоплите делови на денот , инаку на сонце во приквечерието и утринските часови , постојано е заштитена од ветар и никако не е изложена на дожд Еднаш ми се намокрија неколку ливчиња и целите клапнаа надолу и за неколку дена отпаднаа. Се размножува многу лесно при пресадувањето се одделува сноп од неколку стебленца со корен . Ова растение ги примамува погледите со црвениот лист и на секој кој ќе ми стапне на тераса погледот му оди кај неа и прашува какво е тоа растение . Одлична е како декор меѓу зелени растенија ја разбива монотонијата на зеленило :)
Thursday, August 26, 2010
Спасување на Сардела
Само една од сарделите е засадена во саксија . Немаше за неа место до прозорот па ја ставивме долу на подот од терасата , за да не биде изожена на најтоплото сонце , а над неа малку повисоко имаше сталажи на кои исто имаше цвеќиња . Беше тоа пред околу 2 месеци . Тој ден не бевме дома , а имало невреме .Една од саксиите паднала од ветрот и ја закачила сарделата . Паднатото цвеќе не беше оштетено освен што дел од земјата излегла надвор , но затоа на сарделата и беа искршени повеќе од половина од гранчињата . Полека нив ги исчистивме и ја остававме под сенка да закрепне кога за неполна недела приметив пајажинки . Сите мислевме дека е готова .Остануваше последното да се проба . Преостанатите листови да ги истушираме и тоа го направивме најпрво со вода на собна температура а потоа со вода во која доставив малку ракија . Ја набљудував неколку дена . Не знам дали од водата дали од ракијата зашто ова прв пат го пробав и за среќа до сега е и последен пат , пајачињата не се повторија . Но затоа листовите како да се лепеа и некои од нив почнаа да пожолтуваат , но имаше знаци за живот . После околу 2 недели дел од листовите паднаа , но и се гледаа нови изданоци . Тогаш почнав да ја прихранувам со најобично течно ѓубриво за собни цвеќиња . Имавме многу среќа остана жива а и не награди со многу цветови .Обидот за спасување успеа
Дел од цветовите веќе почнале и да овенуваат , но има нови пупки , па овенатите набрзо ќе бидат заменети со нови цветови
Дел од цветовите веќе почнале и да овенуваат , но има нови пупки , па овенатите набрзо ќе бидат заменети со нови цветови
Sunday, August 22, 2010
Рајска птица (растение )
Називот рајска птица покрај еден вид на растение го носат и некои птици кои имаат впечатливи бои . Вакво растение добив на поклон како букет за во вазна за мојот роденден . Мислам дека ниту ТОЈ не знаеше каков назив носи ова растение , а и јас го открив пред неколку дена . Кога ми го врачи ми објасни дека цветовите кои се портокалови ги има повеќе и треба да бидат вадени еден по еден од долниот лист за да траело цвеќето подолго . И траеше . Последните три цветови ги извадив наеднаш зашто покажуваше скапување во долниот дел . Тогаш и ми заличи на птичји клун . Не се сеќавам дали е сликан тој букет , но ако е , сликата не можам да ја најдам .
Цветот е впечатлив егзотичен портокалов со синкаста нијанса во внатрешноста и издолжен , а завршува во вид на шпиц од кој се двојат прашниците и како да ѕиркаат .
Не сум сретнала некој тука да го одгледува посаден во земја , но ако има такви еве неколку насоки за чување .
Растението Рајска птица е тропско растение кое припаѓа на фамилијата Strelitziaceae на редот Zingiberales . Научно се нарекува Strelitzia reginae и најчесто е познат како дива банана ,ова растение потекнува од топлите и влажни услови на Јужна Африка . Категоризирано е како грмушка . Листовите на ова растение се слични со оние на бананата само што се помали .Кога е зрело висината на растението достигнува околу 120 -150 цм . Цветовите на растението имаат портокалови и сини ливчиња . Со неспоредлива убавина и елеганција цветот на ова растение се користи за декоративни цели .
Како да го одгледувате ова растение ?
Одгледувањето на ова растение е лесно што го прави посакувано растение меѓу почетниците и искусните одгледувачи . Бидејќи потекнува од тропски климатски региони оптимална сончева светлина е круцијална за подобро растење и навремено цветање .
Одбирање на место за растението : За одгледување на растението главен предизвик е одбирањето на соодветно место за засадување .Ако имате градина која има многу сонце и земјата не е премногу влажна тогаш можете да го засадите вообичаено како и другите растенија .
Припремање на соодветна почва : Откако сте го одбрале местото каде ќе го одгледувате растението следи припрема на почвата на правилен начин . Во случај да имате тешка непропустилва земја додадете малку песок во дупките каде ќе го засадите растението да се подобри дрнажата . Дупките можете да ги ископате со 60 см растојание меѓу нив . Не заборавајте во нив да додадете малку органско ѓубриво .
Услови : За подобро растење на рајската птица , растението треба да биде изложено на сончева светлина . Наводнувајте го редовно да биде влажно , не мокро .
Ако сакате да исечете цвет за во вазна : Одберете долго стебло кое што е спремно и само што не процветало .Отсечете го така што да остане еден лист .Ставете го во тесна вазна исполнета со каменчиња во различни бои и вода и можете да уживате во цветот околу 3 недели .
Размножување: Има два начина на размножување со одвојување и со семе .
Рајска птица (животно)
Делови од постот се преведувани од следните сајтови
http://www.flowershopnetwork.com/pages/newsletter/NewsletterAugust2007.php
http://www.buzzle.com/articles/bird-of-paradise-plant.html
а за слики покрај претходниот сајт се користени :
http://en.academic.ru/dic.nsf/enwiki/110705
http://www.seednation.com/seeds.php?type1=flower&page=1
http://www.ejmandassociates.com/about.html

- Со одвојување : се вади растението од земјата или саксијата и се поделува според подземните стебла (ризоми) водејќи сметка секое од нив да има доволно коренчиња и потоа деловите се засадуваат во мали саксии и се ставаат на индиректно сонце . Откако ќе се аклиматизираат ( 8 недели ) може да се префрлат на место со повеќе директно сонце . Вака новото растение ќе процвета за 2-3 години
- Со семе : Вка добиените растенија ќе процветаат за 4- 10 години
Рајска птица (животно)
Делови од постот се преведувани од следните сајтови
http://www.flowershopnetwork.com/pages/newsletter/NewsletterAugust2007.php
http://www.buzzle.com/articles/bird-of-paradise-plant.html
а за слики покрај претходниот сајт се користени :
http://en.academic.ru/dic.nsf/enwiki/110705
http://www.seednation.com/seeds.php?type1=flower&page=1
http://www.ejmandassociates.com/about.html
Subscribe to:
Posts (Atom)