Ова рестение е доста често по домовите терасите , а и на пазарите . На моите е едно од омилените. Има несекојдневен изглед . Листовите му се црвени личат на листови на детелинка само малку по косо и надолу поставени .Можеби и затоа така го добило името кај нас - латинското име на растениево не го знам .Мене листовите ми личат на пеперутки . Расте во вид на жбунче т.е од коренот тргаат неколку стебленца кои се многу кревки од кое секое завршува со ливчиња . Има мал ситен , но преубав виолетов цвет . Многу е лесна за одржување . Редовно да биде влажна никако премокра . До сега не сме ја прихранувале па не би знаела што точно да ви препорачам . Но и без прихрана нашата стана огромна .Во однос на светлината ја чуваме во сенка во најтоплите делови на денот , инаку на сонце во приквечерието и утринските часови , постојано е заштитена од ветар и никако не е изложена на дожд Еднаш ми се намокрија неколку ливчиња и целите клапнаа надолу и за неколку дена отпаднаа. Се размножува многу лесно при пресадувањето се одделува сноп од неколку стебленца со корен . Ова растение ги примамува погледите со црвениот лист и на секој кој ќе ми стапне на тераса погледот му оди кај неа и прашува какво е тоа растение . Одлична е како декор меѓу зелени растенија ја разбива монотонијата на зеленило :)
Блогот е комплетно истиот од blog.mk . Направен е со цел да се сочуваат записите постирани на таа платформа со оглед на нејзината непостојаност . Не е исклучено блогирањето да го продолжам на оваа платформа без притоа да ги префрлам записите таму.
Tuesday, August 31, 2010
Thursday, August 26, 2010
Спасување на Сардела
Само една од сарделите е засадена во саксија . Немаше за неа место до прозорот па ја ставивме долу на подот од терасата , за да не биде изожена на најтоплото сонце , а над неа малку повисоко имаше сталажи на кои исто имаше цвеќиња . Беше тоа пред околу 2 месеци . Тој ден не бевме дома , а имало невреме .Една од саксиите паднала од ветрот и ја закачила сарделата . Паднатото цвеќе не беше оштетено освен што дел од земјата излегла надвор , но затоа на сарделата и беа искршени повеќе од половина од гранчињата . Полека нив ги исчистивме и ја остававме под сенка да закрепне кога за неполна недела приметив пајажинки . Сите мислевме дека е готова .Остануваше последното да се проба . Преостанатите листови да ги истушираме и тоа го направивме најпрво со вода на собна температура а потоа со вода во која доставив малку ракија . Ја набљудував неколку дена . Не знам дали од водата дали од ракијата зашто ова прв пат го пробав и за среќа до сега е и последен пат , пајачињата не се повторија . Но затоа листовите како да се лепеа и некои од нив почнаа да пожолтуваат , но имаше знаци за живот . После околу 2 недели дел од листовите паднаа , но и се гледаа нови изданоци . Тогаш почнав да ја прихранувам со најобично течно ѓубриво за собни цвеќиња . Имавме многу среќа остана жива а и не награди со многу цветови .Обидот за спасување успеа
Дел од цветовите веќе почнале и да овенуваат , но има нови пупки , па овенатите набрзо ќе бидат заменети со нови цветови

Sunday, August 22, 2010
Рајска птица (растение )
Називот рајска птица покрај еден вид на растение го носат и некои птици кои имаат впечатливи бои . Вакво растение добив на поклон како букет за во вазна за мојот роденден . Мислам дека ниту ТОЈ не знаеше каков назив носи ова растение , а и јас го открив пред неколку дена . Кога ми го врачи ми објасни дека цветовите кои се портокалови ги има повеќе и треба да бидат вадени еден по еден од долниот лист за да траело цвеќето подолго . И траеше . Последните три цветови ги извадив наеднаш зашто покажуваше скапување во долниот дел . Тогаш и ми заличи на птичји клун . Не се сеќавам дали е сликан тој букет , но ако е , сликата не можам да ја најдам .
Цветот е впечатлив егзотичен портокалов со синкаста нијанса во внатрешноста и издолжен , а завршува во вид на шпиц од кој се двојат прашниците и како да ѕиркаат .
Не сум сретнала некој тука да го одгледува посаден во земја , но ако има такви еве неколку насоки за чување .
Растението Рајска птица е тропско растение кое припаѓа на фамилијата Strelitziaceae на редот Zingiberales . Научно се нарекува Strelitzia reginae и најчесто е познат како дива банана ,ова растение потекнува од топлите и влажни услови на Јужна Африка . Категоризирано е како грмушка . Листовите на ова растение се слични со оние на бананата само што се помали .Кога е зрело висината на растението достигнува околу 120 -150 цм . Цветовите на растението имаат портокалови и сини ливчиња . Со неспоредлива убавина и елеганција цветот на ова растение се користи за декоративни цели .
Како да го одгледувате ова растение ?
Одгледувањето на ова растение е лесно што го прави посакувано растение меѓу почетниците и искусните одгледувачи . Бидејќи потекнува од тропски климатски региони оптимална сончева светлина е круцијална за подобро растење и навремено цветање .
Одбирање на место за растението : За одгледување на растението главен предизвик е одбирањето на соодветно место за засадување .Ако имате градина која има многу сонце и земјата не е премногу влажна тогаш можете да го засадите вообичаено како и другите растенија .
Припремање на соодветна почва : Откако сте го одбрале местото каде ќе го одгледувате растението следи припрема на почвата на правилен начин . Во случај да имате тешка непропустилва земја додадете малку песок во дупките каде ќе го засадите растението да се подобри дрнажата . Дупките можете да ги ископате со 60 см растојание меѓу нив . Не заборавајте во нив да додадете малку органско ѓубриво .
Услови : За подобро растење на рајската птица , растението треба да биде изложено на сончева светлина . Наводнувајте го редовно да биде влажно , не мокро .
Ако сакате да исечете цвет за во вазна : Одберете долго стебло кое што е спремно и само што не процветало .Отсечете го така што да остане еден лист .Ставете го во тесна вазна исполнета со каменчиња во различни бои и вода и можете да уживате во цветот околу 3 недели .
Размножување: Има два начина на размножување со одвојување и со семе .
Рајска птица (животно)
Делови од постот се преведувани од следните сајтови
http://www.flowershopnetwork.com/pages/newsletter/NewsletterAugust2007.php
http://www.buzzle.com/articles/bird-of-paradise-plant.html
а за слики покрај претходниот сајт се користени :
http://en.academic.ru/dic.nsf/enwiki/110705
http://www.seednation.com/seeds.php?type1=flower&page=1
http://www.ejmandassociates.com/about.html

- Со одвојување : се вади растението од земјата или саксијата и се поделува според подземните стебла (ризоми) водејќи сметка секое од нив да има доволно коренчиња и потоа деловите се засадуваат во мали саксии и се ставаат на индиректно сонце . Откако ќе се аклиматизираат ( 8 недели ) може да се префрлат на место со повеќе директно сонце . Вака новото растение ќе процвета за 2-3 години
- Со семе : Вка добиените растенија ќе процветаат за 4- 10 години
Рајска птица (животно)
Делови од постот се преведувани од следните сајтови
http://www.flowershopnetwork.com/pages/newsletter/NewsletterAugust2007.php
http://www.buzzle.com/articles/bird-of-paradise-plant.html
а за слики покрај претходниот сајт се користени :
http://en.academic.ru/dic.nsf/enwiki/110705
http://www.seednation.com/seeds.php?type1=flower&page=1
http://www.ejmandassociates.com/about.html
Monday, August 16, 2010
Кимера (Chimera ) Африканска Љубичица ???
Пред некое време кога пребарував во врска со Африканската Љубичица налетав на зборот „Chimera“ .Веднаш ме асоцираше на некаков генетски инжињеринг . Можеби заради „mission impossible “ филмот . Провртев и по you tube , жената која зборува за ваквите видови на Африканска љубичица ги нарекува Камарин Африканска љубичица , но мене повеќе ми е врежан овој поим кимера а и како таков го најдов на еден сајт , па како таков ќе го користам и тука . Мотив да го напишам постов ми беше љубичицата која мајка ми ми ја опиша по враќањето од гости од кај една нејзина пријателка . Ми опиша дека видела розево бела африкаснска љубичица . Тогаш ме потсети на кимерите .Мислам дека сите кимери се двобојни (ако не сум грешка ) , но не сите стандардни се еднобојни така да јас мислам дека не би можела да ги разликувам освен по ригите на цветовите кои се карактеристични за кимерите . Ваквата Љубичица некој и ја поклонил . Мајка ми и побарала ливче но не добила . Не дека би се фатило и ако би се фатило којзнае дали би излегло истото растение , ама би вредело да се проба чисто од љубопитност што би излегло .За тоа што се и какви се овие Африкански љубичици најдов на еден сајт . Не би сакала да му правам промоција бидејќи овој и продава вакви видови ама морам да го наведам изворот :
https://www.violetbarn.com/store/index.php?_a=viewCat&catId=6_a=viewCat&catId=6&sort_by=price&sort_order=low
На следниов линк подолу се стандардни љубичици за споредба :
https://www.violetbarn.com/store/index.php?_a=viewCat&catId=4
или за да не кликате :
Стандардна Љубичица
Кимера
„What's a chimera? According to Webster's dictionary, a "chimera" is a "living structure or organism in which the tissues are of varied genetic origin". What does this mean? Unlike other violets which, when propagated by leaf cuttings, will typically produce plantlets ("babies"), identical in appearance to the "mother" plant, this cannot be done with chimeras (the babies will look different than the mother plant). Why? because the tissues are of "different genetic origin" for each leaf, or plant part. Instead, propagation must be done by "suckers" or "crown cuttings", which are most likely to share the same genetic properties. This is why their price is higher--this is a more time consuming and less productive process than when done by leaf cutting.
These African violets are quite unusual, known for their "pinwheel" striped blooms or, sometimes, uniquely variegated foliage “
Што е кимера (Chimera) ? Според Webster's dictionary кимера е жива структура или организам во кое ткивата се од различно генетско потекло . Што ова значи ? За разлика од другите Љубичици кои кога се размножувани од листови ќе продуцираат растенија идентични на растението од кое потекнуваат , ова не може да се случи со кимерите (продуцираните растенија -бебиња ќе изгледаат различно од растението -мајка ) Зошто ? Бидејќи ткивата се од различно генетичко потекло за секој лист или за секој дел на растението . Размножувањето може да биде направено со цели стебленца или од круната на растението за кои е најсигурно деќа ќе ги делат истите генетски карактеристики .Ова е зашто нивната цена е повисока . Овој процес бара повеќе вложување на време, а е помалку продуктивен отколку кога се прави со отсечени ливчиња . Овие Африкански љубичици се доста необични и се познати по своите цветови како велосипедско тркало или понекогаш по различните листови .
Подолу следуваат две видеа во првото се дава некакво според мене штуро објаснување за кимера (Kamarin; chimera) ,А на вторто е како да направите размножување на истите . Размножувањето може да го користите и за стандардните на нам добро познати африкански Љубичици . На второто видео круната која тој ја добива по отсекување и ги отстранува листовите и ги засадува (што ми паѓа чудно бидејќи кимерите не се размножуваат така ), но таа може да биде директно засадена со отстранување на само 2-3 листа . Последново го имам пробувано и самата , но на стандардна Африканска Љубичица .

Thursday, August 12, 2010
Историја на Африканската љубичица
Случајно налетав на историјата за Африканската Љубичица ми фати око ја преведов и еве ја :
Скоро секој поседува или барем има видено Африканска Љубичица . Можеби не мислите дека ова е егзотично или возбудливо растение ,гледајќи го како се продава насекаде . Но всушност убавата Африканска љубичица има светска историја .
На крајот од 19 век најголемиот дел од Источна Африка бил управуван од Германија и имало војска - офицери стационирано во регионот . Еден од нив бил Baron Walter von Saint Paul-Illaire кој се интересирал за ботаниката . Овие интереси најверојатно биле поттикнати од неговиот татко Baron Ulrich von Saint Paul-Illaire кој бил долгогодишен зашттитник на ботаничката градина во Herrinhausen , блиску Хановер (Hanover) Германија (Germany.) . Тој исто така бил запознаен со директорот на ботаничката градина Herman Wendland.
Барон Волтер ги поставил темелите на историјата во собните растенија во1892 кога патувал низ Африка набљудувајќи ги овие растенија . Близу Танга во Танзанија тој нашол нискорастечко растение со влакнести ,месести листови кои имале плави цветчиња . .Тој собрал неколку примероци и му ги испратил на својот татко Баронот Урлих . Tој пак ги покажал на Вендланд кој пак забележал дека тие потекнуваат од дотогаш непознат род во растителниот свет . Ги нарекол genus (род) Saintpaulia во чест на таткото и синот кои го поделиле своето откритие со него . Овој род ние го знаеме по заедничкото име Африканска Љубичица .
До сега (2005 е пишувана статијата ) има : 21 вид , 6 варијанти и 2 природни хибриди на Африканска Љубичица кои ни се познати . Интересен факт е дека секој вид има свое специфично живеалиште во Источна Африка .Овие растенија природно не растат на ниедно друго место во светот . Овие растенија варираат во растењето формата и цветовите кои се движат од скоро бели до темно виолетови . Кој би рекол дека така уникатен член на растителниот свет ќе биде продаван за само 1.99$ во продавниците . Боите и формите кои ги гледаме денес водат потекло од оригиналните колекции и се резултат на генерации внимателно одгледување
Сликите се превземени од :
http://www.forestryimages.org/browse/detail.cfm?imgnum=3970047
http://www.forestryimages.org/browse/detail.cfm?imgnum=3970042
http://www.forestryimages.org/browse/detail.cfm?imgnum=0011042
http://www.forestryimages.org/browse/detail.cfm?imgnum=0011004
Извор
http://web.extension.illinois.edu/macon/palette/050109.html

Tuesday, August 10, 2010
Како јас пресадувам Љубичица
Љубичиците според литературата се пресадуваат напролет кога и нивниот раст е најсилен меѓутоа јас водејќи се од потребите на растението големината на саксијата ја пресадив сега во втората половина на летото иако веќе кај Љубичиците забележувам успорување на пуштањето на нови листови , а и цветовите се менуваат тие стануваат помали . Што се однесува до техниката таа е иста . Љубичицата е кревко растение па може да добиете впечаток дека ви се потребни повеќе од две раце за да ја извадите од саксијата неоштетена . Најпрво ја одвојувате земјата од саксијата со остор ноже по рабовите. Потоа со ножето полека ја избуткувате одоздола . Другата рака препорчливо е да ја ставите најдолу кај коренот и полека како што ќе попушта цврстината на коренот да ја вадите Љубичицата од саксијата. Постои уште една варијанта ама мене ми е прегруба . Откако сте ја одвоиле земјата од рабовите на саксијата да ја завртите наопаку и да ја извлечете ,но вака еднаш завршив со многу скршени ливчиња и песок на другите кои после тешко се чистат , да не заборавиме листовите на Африканската Љубичица не смее да се воденат . Откако сте ја извадиле погледнете го коренот и долниот дел на листовите .Во колку кај некое ливче започнало скапување отстранете го или пак ако има можност поделете ја Љубичицата на неколку делови кои ќе ги засадите одделно . Останува да ја припремите саксијата со земја . Обогатете најобична земја со хумус . Јас ја припремам од око . .Кога ќе засадувате водете сметка дека не е доволно само коренот да биде засаден .Внимавајте и дел од стебленцата на сите листови да бидат во земја . Имено од три дела кои ги добив при пресадувањето едниот почна да ми скапува , па токму поради тоа морав да го зачистам повторно да го разделам на уште два дела и повторно да го засадам ама и така веќе не е сигурно дека ќе расте . Ливчињата кои се скршиле при манипулациите со растението може да ги ставите во вода или веднаш да пробате да ги закорените . Повод покрај големината на Љубичицата да ја пресадам сега беше и нејзиното запирање на пуштањето цветови во време кога тоа не е вообичаено .
Ја пресадував оваа Љубичица
Резултатот е
И едно 10 тина ливчиња кои се ставени за закоренување .За овие две сум сигурна дека ќе останат живи и ќе растат .Другите две ако останат ќе има нареден пост за нив :)

Saturday, August 7, 2010
Подарок
Завчера кога се разбудив и излегов од мојата соба прво што ми падна во очи беше затворената врата од дневната соба . Значи моите не се дома . Полека дојдов до купатилото каде се расвестував со ладната вода . Откако веќе излегов од полусонот помислив на кафе : нес кафе , обично , некакво ми се пиеше . Сепак ќе ги почекам моите можеби ќе дојдат наскоро па две ќе ми бидат многу помислив . Со чаша ладен сок се сместив пред компјутерот блог, Facebook набрзина пролистав дали има некој нов наслов и седнав да се подружам со книгата. По малку време го слушнав крцкањето на клучот на врата . Влегуваа моите . Мајка ми почна да вика по мене . Мислејќи дека се пренатоварени со тоа што купувале се стрчнав да помогнам . При тоа си ја закачив ногата на бирото и рамото на вратата од мојата соба . На влезната врата стоеше мајка ми со најубавиот подарок за мене . Цвеќе .
- Види што најдов . Чувар на куќа расцветан - ми рече
Ми подаде еден сукулент со големи , дебели , меснати листови од кои се издигнуваа снопчиња на мали црвени цветчиња . По стебленцата каде на врвот стоеја цветовите имаше листови тие беа со синкастозеленкаста боја. Занесена од неговата убавина го грабнав и излетав на тераса. Го пресадив веднаш , му најдов место на кое што има доволно сонце , но сепак во најтоплите часови е сенка . Тогаш во очи ми паднаа листовите кои не беа збиени како што тоа беше кај другиот чувар на куќа кој го имам . Провртев на интернет не најдов растение со такви цветови , слични листови најдов , но не сосема исти ... Не бев така сигурна дека е навистина чувар .Бидејќи отприлика знам нешто за сукулентите од типот да не им се става премногу вода и да се ставаат на топло се водев по тоа , но детаљи за ова растение во случај да не е чувар навистина не знам Во секој случај растението е преубаво . Јас се надевам дека долго ќе ми прави друштво и ќе ми го украсува домот со преубавите цветови ,а јас навреме ќе ги сфаќам неговите потреби .
Во меѓувреме додека го дотерував постот ја видов пораката што ми ја пратил кактусар со одговорот на моето прашање дали е чувар или не .Сепак растението е Echeveria а не Sempervivum кој пак е чувар на куќа . Моите ги зезнала продавачката , но сепак јас сум пресреќна што добив вака убав подарок

Tuesday, August 3, 2010
Прошетка – манастир Св Илија Горни с.Бањани 02.08.2010 (2)
Прошетка - манастир Св Илија Горни с.Бањани 02.08.2010
Иако за Св . Илија постарите знаат да речат тој ден врне , грми Св Илија се лути денеска денот беше преубав , создаден за прошетка .Откако се одвоивме од добро асфаlтираниот пат , почнавме да возиме по калдрмата , a планината почна дa станува се поблиска и поблиска , чиниш се отвара да не прими , да не собере сите луѓе кои се бевме упатиле натаму . Отсекогаш сум ја обожавала Скопска Црна Гора . Таму воздухот е поинаков , птиците е погласни , водата повкусна , таму има нешто . Им реков на моите високо е за нас кои се бевме навикнале на котлината ќе спиеме многу кога ќе се вратиме ... Ме погледна маjкa ми со потсмев како да сакаше дами каже :
- Е како да не знаеш ти - ама не рече ништо или барем јас не слушнав .
Веднаш се упативме кон манастирот .А тој оддолу изгледаше како заробен меѓу двата планински масива кои се идигаа од неговата десна и лева страна . До манастирската црква се стигнува по скали кои се тесни или преку конаците Едниот дел од манастирската црква беше заѕидан во карпа . На неа времето си го беше оставило својот печат , но тоа ја правеше поубава . Вратничето мало не би знаела да кажам зашто е такво и внатре се толку тесно што мораше веднаш да излезам за да им отстапам место на другите .Конаците реновирани а и преполни со гости .Луѓето кои беа задолжени за припремањето на ручекот -гравче иако премногу зафатени ни разменија 2-3 збора и не поканија на ручек ...
А околу манастирот се издигнуваше планината сета обрасната во шума од најразлични дрвја . А подолу малку под манастирот се слушаше жуборењто на Бањска река која се удираше од големите камења ....
Тука и се сместивме и уживавме во природата , дрвјата , големите листови ....
Слики од преубавата природа во околината и некои растенија од манастирот ќе следат во следниот пост
П.С Постов требаше да биде готов и вчера ама сепак не можевме да се изнаспиеме откако дојдовме

Subscribe to:
Posts (Atom)