Thursday, July 15, 2010

Фотографии од посетата на Матка (5)

Ова е и последниот пост од серијалот слики од Матка .Овде ќе бидат објавени уште неколку слики кои не ги собираше во претходниот пост  .Зборовите се излишни сликите зборуваат сами за убавината опуштањето уживањето ....

Интересен цвет од поддалеку и поблиску
Виолетови полски цветчиња


Жолти полски цветчиња

На сликата подолу е прикажан класичен бршлен . Разликата со белиот оној во градината на црквата  можете да ја видите  на овој пост
Со овој пост завршува серијалот „ Од посетата на Матка  “ . Се надевам уживавте се потсетивте на убавините на Матка а за оние кои одамна не биле  можеби им дадов идеја  каде да се прошетаат на топлово време .

Wednesday, July 14, 2010

Фотографии од посетата на Матка (4)

Во овој пост дел  од фотографираните растенија , реката ....


Коза брсти од вегетацијата ...
Брзаци предизвикани од големите камења . Тука се одржуваат и турнири во кајакарство ...



Птица на патот  .Клипот со птицата е на овој пост

Неколку стебленца камилица
Боцки пазете сеее  :)
На сликава покрај  дел од дрвото има опашка од гуштер се надевам ја пронајдовте

Растенија на карпа

Подолу сликите мислам дека се некои видови на мовови и папрати .
И останува само  уште еден пост со фотографии  растенија од матка

Tuesday, July 13, 2010

Фотографии од посетата на Матка (3)

Oвој пат фотографии од карпите ...


На последната слика сакав да го фотографирам крстот кој се наоѓа на врвот на карпите .Не знам колку се гледа заради зумирањето
Чудесно е што се може природата да изгравира ..
Мислам дека може да се забележи уметноста на природата како го исклесала теренот а потоа му дала живот сместувајќи бројни растенија по самите карпи . Некогаш можеби тие се причина за нивниот одрон но тоа е само начин како природата го црта својот изглед . Непристапноста е забележлива . На  височините по мое мислење би се нашле луѓе со огромно искуство и одреден тип на алатки  . Токму непристапноста и неистраженоста ова место го прави возбудлив уникатен и придонесува во нас да се разбудат посебни чувства .

Monday, July 12, 2010

Фотографии од посетата на Матка (2)

Сеуште сме со фотографиите од црквата Св. Богородица - Матка  . Овојпат со слики од конаците  камбанаријата и повторно дел од градината .Црквата е ставена  во целост како последна да го  комплетира постот иако е еднаш прикажана во постот Од посетата на Матка
Црквата се гледа низ врата

Конакот со одблесок сонце



Цвеќиња во градината


Камбанарија
Црква Св. Богородица - Матка

Sunday, July 11, 2010

Фотографии од посетата на Матка (1)

Како што споменав во претходниот пост  во овој и наредните неколку поста  покрај други постови ќе објавувам  слики од последната моја посета на Матка .Во вој пост сликите се од црквата Св Богородица -Матка поточно од градината којае пред нејзиниот влез а веднаш после големата порта  .Преубаво место .. Ќе заклучите и сами

На оваа слика е претставен бршлен кој е малку поинаков од вообичаениот темнозелен  по белите делови на листовите а зелената боја е со посветла нијанса  .
  
Мала ниска ситна ружа


Расцветана Јука 


Патеката коај води до црквата со дел од растенијата  кои се наоѓаат воградината .
Во следниот пост уште неколку слики од истава градина ...