Денес не бевме воопшто некаде далеку на излетничките места . Најверојатно веќе ни се смачи секоја година некаде на излет со скарите и сендвичите . Денес навистина сакавме да поуживаме ,да се прошетаме ... Отидовме во градскиот парк . Таму милина за уши ... немаше многу луѓе па птиците со нивното црцорење доминираа . Пролетно , зелено , преубаво изгледаше иако езерцето не е исчистено што навистина ме нервира и водата во каналот не е пуштена насекаде и не е наполнет колку што треба .Вистинска оддишка од улиците кои ги поминувам секој работен ден од колите нивното брмчење и свирење . Ја посетивме и зоолошката е таму беше многу пораздвижено . Животните беа надвор се разладуваа ,некои се печеа , некои трчкаа по храната што им ја нудевме секако купена од зоолошката , а некои беа вонемирени претпоставувам заради вревата која ја предизвикуваа децата
Кутрево го сретнавме во паркот беше многу пријателски расположено ...
Слики од зоолошката нема бидејќи на картите пишува снимањето е дозволено само за приватни пореби ...а за се друго да се разговара со управата ...
No comments:
Post a Comment