Sunday, March 18, 2012

Пред и по кроење


Повеќегодишните растенија секоја пролет имам навика да ги кројам пред се за да се одржи обликот , а и да пушти нови свежи ластарчиња кои ќе придонесат да си ја задржат убавината . Вчера кај моите го кроевме „Христовиот трн“ растение старо повеќе од 20-  тина години . Скоро сите стари гранки ги отстранивме ги оставивме само помладите како би му овозможиле на растението да ги одржи своите природни процеси и респирацијата која се одвива преку листовите  . Од ластарчињата може да се зафатат нови примероци , така да доколку некој има желба за вакво растение  може слободно да ми пише  ластарчињата ќе бидат оставени во вода некое  време .

Пред кроење :



По кроење :



Ластарчиња:





Tuesday, March 13, 2012

Нова интересна љубичица

Пред околу 7-8 месеци татко ми ми донесе 2 ливчиња на африканска љубичица и ми рече дека имале многу интересна боја нешто меѓу бордо и виолетово . Ги засадив и двете ливчиња веднаш но едното после  околу 2  месеци кога мислев дека ќе  почне да пушта ливчиња ми се исуши . За среќа другата опстана и после околу 4  месеци започна нагло да пушта нови ливчиња . Мислев дека ќе цвета некаде околу летото , но пред 2  недели ме изненади кога забележав две мали пупки . Сега има 4 убави големи цветчиња кои повеќе наликуваат на виолетово отколку на  бордо меѓутоа нивната форма за разлика од другите љубичици со еднолисни  цветчиња е многу поубава . Сеуште не ми е пресадена , дури и ми е страв тоа да го направам да не ја  изгубам па затоа ќе  чекам сосем да ја исполни саксијата па дури тогаш внимателно ќе ја пресадувам





Споредба со структурата на листовите на цветот со розовата или виолетовата љубичица тука и тука 

Monday, March 12, 2012

Викенд качување на порта „ Македонија “

Одамна се наканувам да се качам горе на платформата на портата . Прво ми кажаа дека имало многу гужва , па се одложи за подоцна , потоа   ладното ме смести дома пред грејалката и немав желба за  излегување надвор ,а  на работа бев затрупана  така  да конечно се подослободив претходниот викенд и одма му ја  летнавме со маж ми во центар . Дојдовме до портата . Луѓе имаше таман не многу ама далеку од малку . Се искачивме нагоре по скалите искрено се изморувам до 4 ти , ама  таму ми летаа нозете . Беше облачно и скиснато полека роскаше . Погледот од горе преубав особено према фонтаната  Александар Македонски ( воинот на коњ) . Искрено погледот према зградите кон водно како да го затскрива тој дел од градот а како да го спојува водно со центар .  Ама затоа погледот према улицата кон старата градска болница и кон фонтаната фрапираа . Поседовме кратко ама заклучивме дека понатаму кога ќе се доуреди ќе биде уште попрекрасно место за посета :)