Заради големите листови преферира место во сенка , заштитена од директно сонце каде ја впива светлината со цела површина на листот . Ова растение ја обжава влажноста па затоа треба да се проверува почвата да има доволно влажност , но никако да не биде премокра . Обожава ровка земја па затоа треба да се пресадува секоја година воглавном напролет како би се избегнало стврднување и набивање на земјата. Во однос на прихраната се прихранува од пролет до есен и тоа со добро разблажено течно ѓубриво.
Потребно е внимателно отсекување на листовите кога се поткаструва да не се оштети растението . Ова растение претставува навистина посебно убав декор во домот , со правилна нега ќе биде присутно и ќе го разубавува вашиот дом и повеќе години . Јас имам двобојна маранта и тоа е само еден вид од многуте...
No comments:
Post a Comment