Пред околу 3 недели ме очекуваше фрапантно и лошо изненадување кога се вратив од работа . Штетниците сеа беа вратиле . Малите ситни топчиња како памук ги имаше насекаде по цвеќињата . И нормално прскав со Бубакил за цвеќиња бидејќи знаев дека помага еднаш беше испробано , но овојпат после 3 дена немаше никакво подобрување . Кога сфатив дека станале резистентни на Бубакилот веднаш се зафатив со истражување на интернет што поточно се овие мали „пајачиња “ . Открив дека нивното име е Mealybugs и дека тие се најдосадните паразити кои може да постојат . Тоа се мали бубачиња кои созадаваат памучеста пајажинеста обвивка и така се заштитуваат од инсектициди . Инаку како што е пишано во еден од постовите тие се вгнездуваат блиску до коренот каде излегуваат младите листови исто така и нагоре према помладите делови на растението и на раздвојувањето на гранките и го цицаат сокот на растението . Секаде прочитав за нивната контрола но никаде за нивно истребување што беше разочарувачки .
Како еден од начините на контрола се препорачува растворање на 1 лажичка течен сапун во 2 литри вода и тоа само го смалува нивниот број или пак пребришување со концентриран алкохол со тоа што потоа да се прска со вода за да не се исушат листовите . Второво ми беше ризично па се одлучив за првото . Нормално дека не ги истребив па сега ги пребришувам секоја недела еднаш само со вода еднаш со растворениот сапун . Исто за начин на контрола се препорачува нивно механичко симнување со силен млаз на вода што планирам да почнам да го практикувам откако ќе се затопли времето .
Дури денес налетав на еден сајт на кој пишуваше за нивното комплетно истребување .За овие бубачиња постоеле други мали инсекти кои ги јаделе и во странство се купувале од одгледувачници . Бидејќи овие инсекти летале како алтернатива се остава да се изнесе растението надвор за да може да дојде бубчето „јадач“ до маливе бели паразити . Маката е што јас не ни знам дали овие инсекти постојат на нашето поднебје ама останува алтернативата да ги изнесам Љубичиците на тераса .
Во меѓувреме ќе ги истребувам рачно .
Сликите подолу се превземени од интернет бидејќи зголемено ги прикажуваат штетниците
Сликите се превземени од :http://www.sbproducts.co.uk/PestControl/Mealybug.aspx
No comments:
Post a Comment