Sunday, May 27, 2012

Штетници 2 (mealybugs)


Пред околу 3 недели ме очекуваше фрапантно и лошо изненадување кога се вратив од работа . Штетниците сеа беа вратиле . Малите ситни топчиња како памук ги имаше насекаде по цвеќињата . И нормално прскав со Бубакил за цвеќиња бидејќи знаев дека помага  еднаш беше испробано , но  овојпат после 3 дена немаше никакво подобрување . Кога сфатив дека станале резистентни на Бубакилот веднаш  се зафатив со истражување на интернет што поточно се овие мали „пајачиња “ . Открив дека нивното име е Mealybugs и дека тие се најдосадните паразити кои може да постојат . Тоа се мали бубачиња  кои созадаваат памучеста  пајажинеста обвивка и така се заштитуваат од инсектициди . Инаку како што е пишано во еден од постовите тие се вгнездуваат блиску до коренот каде излегуваат младите листови  исто така и  нагоре  према помладите делови на растението и на раздвојувањето на гранките и го цицаат сокот на растението . Секаде прочитав за нивната контрола но никаде за нивно истребување  што беше  разочарувачки . 
Како еден од начините на контрола се препорачува растворање на 1 лажичка течен сапун во 2 литри вода и тоа само го смалува нивниот број  или пак пребришување со концентриран алкохол со тоа што потоа да се прска со вода за да не се исушат листовите . Второво ми беше ризично па се одлучив за првото . Нормално дека не ги истребив па сега ги пребришувам секоја недела  еднаш само со вода еднаш со растворениот сапун . Исто за начин на контрола се препорачува нивно механичко симнување со силен млаз на вода што планирам да почнам да го практикувам откако ќе се затопли времето . 
Дури денес налетав на еден сајт на кој пишуваше за нивното  комплетно истребување  .За овие бубачиња постоеле други мали инсекти кои ги јаделе и во странство се купувале од одгледувачници  . Бидејќи овие инсекти летале како алтернатива се  остава да се изнесе растението надвор  за да може да дојде  бубчето „јадач“ до маливе бели паразити . Маката е што јас не ни знам дали овие инсекти постојат на нашето поднебје ама останува алтернативата да ги изнесам Љубичиците на тераса . 
Во меѓувреме  ќе ги истребувам рачно . 
Сликите подолу се превземени од интернет бидејќи зголемено ги прикажуваат штетниците 




Сликите се превземени од :http://www.sbproducts.co.uk/PestControl/Mealybug.aspx



Tuesday, May 8, 2012

Јорговани


Веќе 2 недели како се спремам да постирам за јоргованите .... точно тогаш ме опи мирисот на еден од нив  . До сега воопшто не бев ја забележала грмушката јоргован се  додека не процвета и започна да шири еден прекрасен мирис . Се враќав од работа во попладневните часови и тоа замислена и преуморна не приметувајќи ништо и никого  околу себе кога до мојот нос допре еден продорен мирис кој како наеднаш да ми ги отвори очите . Тогаш и ја приметив огромна грмушка јоргован и тоа виолетов . Се насмеав - пролет а од обврски скоро и да не ја забележувам . Следниот ден утрото во 6 часот по пат на кај работа го зедов апаратот со мене и направив неколку слики од тие прекрасни растенија . 
Имено јоргованот е грмушесто растение и за мое изненадување припаѓа на фамилијата маслинки . Го има во повеќе бои виолетова црвена бела и темно виолетова ( јас црвена до сега немам сретнато ) . Всушност тоа е повеќегодишно растение кое  се насадува на јавните површини или во дворовите . До сега немам сретнато во саксија . Обично примамува со неговиот јак мирис кое по мое мислење е многу поинтензивен во попладневните часови . 
Јоргованот полека прецветува и овие 2-3 дена  неговиот мирис не е јак ама кога ќе поминам покрај грмушката сеуште погледнувам кон нејзе вдишувајќи по длабоко како по навика трудејќи се да го почувствувам нејзиниот мирис кој полека ми останува во сеќавање до следната година 

Најдолу се поставени слики на некои други грмушки кои беа расцветани истовремено  , ако не знам ниту какос е викаат . Белите иако немаат атрактивен цвет мирисаа исто така преубаво .






Подолу се прикажани фотографии на други пролетни грмушки