Ова растение за кое  пишував и во  претходниот пост  воглавно  воодушевува  со неговите прекрасни листови  кои може да бидат двобојни или тробојни . Вториве секако се многу поубави бидејќи  онаа  темно црвеникаво виолетовка боја им дава посебен шарм.
Отсекогаш сум сметала дека растение кое добро се развива и цвета е задоволно растение . На мое големо изненадување марантата кај моите родители процвета .Сега за неа се грижи мајка ми
Цветот не е ниту голем ниту со живописни бои меѓутоа мене ме израдува . Растението кое скоро секогаш го гледав со убави листови сега имаше и цветови . Веднаш ми пројде мислата низ глава : - Ти си задоволно растение . Ми дојде и насмевка на устата . Бев задоволна . Цветот траеше неколку дена а потоа почна да венее . Меѓутоа цветањето се повтори неколкупати и секој нов цвет ми причинуваше голема радост
Подолу ви ги прикажувам малите шармирачки цветови на марантата