Прошетката до Куманово поточно до манастирот во Старо Негоричане беше договорена два месеци порано меѓу маж ми и еден негов колега ,а беше утврден и датумот - 15. 07 .2011. Тргнавме по најжешкото некаде околу 16 часот од Скопје . Тогаш ако се сеќавате беше почетокот на топлотниот бран . По автопатот беше пеколно немаше многу автомобили а со тоа немаше и многу бучава и ќе беше уживанција за набљудување преку прозор да не беше сонцето . По сите преземени мерки млеко 60 ка фактор и квалитетни очила за сонце патувањето не беше така неиздржливо .На бензинската на почетокот од Куманово се најдовме со пријателите и продолживме према манастирот . Кога стигнавме до манастирот тој беше веднаш до патот во Старо Негоричане . Пред нас се издигна голема црква убава камена градба ... Човекот кој беше одговорен за црквата не беше дома , ни отвори жена му меѓутоа неговото неприсуство ме чинеа некои факти кои сакав да ги дознаам. Во дворот на црквата мирно тивко зелено со огромни дрвја како листопадни така и зимзелени ... вистински одмор за душата . Исто така во дворот се наоѓаат неколку гробови претпоставувам на црковните луѓе . Влегувањето низ не многу високата врата беше проследено со групна воздишка бидејќи внатре беше многу поладно . Фрескоживописот беше посебно впечатлив на него се познаваа годините на кои им пркосел . Жената која ни ја отвори црквата ни кажа дека тоа истиот фрескопис од обновувањето на црквата некаде 13-14 век Истиот наместа е оштетен меѓутоа плени со боите , ликовите ,а композициите се наредени во циклуси . Запаливме свеќи се помоливме поседовме . Чувството додека бев внатре беше необично , прекрасно како да ги полните батериите 100 на саат . Искрено се чувствував како да се раѓам одново ....
Излеговме ..Имав чудно чувство додека го нпуштав местото беше навистина убаво и ми беше жал што мораше за кратко да се замине меѓутоа мнозинството од друштвото посебно децата беа со празни стомаци па мораше , а и изгледа никого не го влечеа старите храмови како мене . Единствено ми остана нејасно зашто храмот го нарекуваа манастир кога тој во суштина е црква бидејќи конаци не видов нигде
За Етно село нема многу да зборувам ... единствено ми го привлекоа вниманието селските алатки и колата кои беа поставни во дворот
Првата слика подолу е направена на патот од Црквата до Етно село