Блогот е комплетно истиот од blog.mk . Направен е со цел да се сочуваат записите постирани на таа платформа со оглед на нејзината непостојаност . Не е исклучено блогирањето да го продолжам на оваа платформа без притоа да ги префрлам записите таму.
Sunday, February 20, 2011
Безименко
Ова растение го добив пред неколку месеци на поклон од една комшивка . Едно сабајле дојде кај нас дома и го држеше посадено во саксија . Го расадувала , па знаејќи дека сакаме цвеќиња едно стебленце ни посадила . Растениево има меко стебло , поради што ако сакате да биде исправено неопходно му е стапче за потпора . Ние тоа не го сторивме и некако стана подгрбавено , ама на сталажата токму таква форма и ни одговара . Искрено потребите не му ги знаев ,а бидејќи немам појма како се вика , а името не го знаеше ни неговата претходна сопственичка немав можност ни да прочитам некаде како треба да се одгледува . Така овие месеци експериментирав со него секако со некои мали совети од комшиката . За овие неколку месеци открив дека сака многу светлина , но не и директно сонце дури и листовите за многу кратко време ги врти кон неа , веројатно воопшто не е пребирлив во поглед земјата бидејќи беше донесен во најобична земја , а досега не е пресадуван и добро напредува . Во поглед на наводнувањето го наводнувам исклучиво кога ќе приметам дека се исушила земјата , а тоа е на доста кратко време на околу 3-4 дена , па претпоставувам дека е љубител на многу вода . Во поглед на температурата сега е сместен во мојот стакларник впрочем каде што и се сместени и другите цвеќиња зимно време , некаде на +25степени . Искрено не знам дали цвета , но кај комшиката за време од неколку години не процветало , ама затоа има интересни зелено -жолтеникави листови заради кои и е привлечно .
Subscribe to:
Posts (Atom)