Monday, September 13, 2010

Јас веднаш да се пофалам

Само што ги донесе татко ми и јас веднаш ги средив т.е ги засадив еве веднаш да си се пофалам на блог . Татко ми доби на поклон неколку розети  Чувар на  куќа .  Му ги поклонија  комшии од зградата каде што живеам . Ги имале многу во дворот . Резниците ги засадив веднаш а едно добив со се саксијата зафатено . Не знам дали сите ќе се зафатат ама јас им стискам палци .Се издрадував особено  бидејќи го изгубив мојот  Чувар на куќа  . Од тој останаа само неколку бебиња кои исто така ги фотографирав :)

Ова подолу се моите бебиња чувари .


Благодарам чичко Ристо и тетка Борка

Thursday, September 9, 2010

Идеја -семчиња од околината

Се чувствува дека летото уште малку ќе почне  да ни „мафта“ за збогум до следната година . Веќе некаде почнуваат да стасуваат плодовите кои обично ја карактеризираат есента . Имам желба да израснам во саксија  некоку дрвја кои ќе можат да презимат надвор , а потоа да ги обликувам се надевам во успешно бонсаи . Бидејќи оној концепт „земи од природата“  не  се покажа како многу успешен за мене ,а  семчињата од купените плодови не р`тат бидејќи тие плодови се собрани зелени , оваа година се послужив со плодови кои ги најдов во мојата околина . Во еден од парковите забележав ситна јаболкница т.е петровка , потоа неколку грмушки кои даваа интересни црвени плодови кои наликуваат на цреши , потоа неколку шишарки од разни зимзелени дрвја и сл  . Подолу се моите досегашни собрани плодови  и неколку исчистени семчиња  ,а како  ќе доаѓа есента се надевам и на други плодови . Половината планирам да ги подготвам и да ги засадам есенва а другата половина  напролет .Идејата за есенското садење ми е да им овозможам да презимат семчињата под почва на ладно ,ова  на некој начин ќе ги симулира природните услови во кои тие се развиваат ,а ако не никне ништо ќе садам и напролет .Па од сето тоа ќе видиме што ќе испадне бидејќи се се базира на моите идеи ништо вакво досега не сум пробувала ...   .Бидејќи не очекувам голем процент да никнат ќе  биде добро ако  израсне по едно од секој вид од многуте семчиња

Sunday, September 5, 2010

Бенџамин -Ficus benjamina

Бенџаминот многу често се сретнува во нашите домови како помало или поголемо растение  некаде и како цели грмови со висина од два и повеќе метри . Бенџаминот е едно најлесните растенија за одгледување . Треба да биде постојано влажен , изложен на дифузна светлина т.е индиректно сонце и да се заштити од прекумерен студ . Има еластично стебло кое со тек на годините оцврснува , па во првите години можете да го обликувате како сакате дури и да си сплетете плетенка од три стебленца . има еднобоен темнозелен малку издлжен лист , но се сретнува и варијанта со бело пребојување на листовите . Она што битно ќе ви го нагласат во секоја цвеќара е дека треба да го туширате во летните денови , некои ќе ви кажат дури и секојдневно . Она што ќе заборават  да ви кажат е дека  треба да користите дестилирана вода за секојдневно туширање бидејќи  тврдата водоводна вода ќе остави бели флеки . Дури и со бришење на листовите по повеќе години  на дрвото кое го одгледуваат моите родители   на одредени места  се појавија такви флеки . Наместо тоа и за да не биде тоа секојдневна обврска  самата си воспоставив правило кое се покажа одлично наназад веќе три години . Зимно време туширањето е комплетно исклучено , единствено внимавам земјата да биде секогаш  влажна , не  водена туку влажна , никако сосема сува . Летен период  го туширам секои 15- тина  дена кога е топло и кога ќе забележам прашина на листовите водејќи сметка да му е и време за  полевање да не биде премногу вода во саксијата . Го туширам со водоводна вода  . Потоа листовите ги бришам со книжна салфета така што не оставам капки . На тој начин годишно туширањето е сведено на 5-6 пати и во колку настанат флеки во текот на годината тие листови и ќе отпаднат . За прихрана употебувам  најобично ѓубриво за цвеќиња . Бенџаминот се размножува со  отсечени делови од растението и тоа со многу голема успешност  над 90% од исечените стебленца закоренуваат и растат . 
Заради вака лесното размножување стебленцата од  дрвото кое го одгледуваат моите родители  ги користам во обиди да направам бонсаи .Тоа почна  пред 3 години . Од тогашното сечење зедов само едно стебленце и нормално ништо не направив  . Растението не се исуши , баш напротив тоа добро напредува , но ни оддалеку не може да се рече дека има било каков облик на бонсаи .Стана само мало растение и за три години обликување може да се „пофалам“ дека тотално сум го утнала :) . Можеби со понатамошното обликување некогаш ќе заличи ....  Другите стебленца се помлади од една година па затоа ќе ги фотографирам другпат ако останат здрави и живи .


Бенџамин плетенка

Последната слика е земена од следниот сајт :
http://www.foliageunlimited.net/recommended-office-plants.htm

Бенџаминот заедно со Дракаената е  на листата на Растенија пречистувачи на воздух