Од пред 1 месец започнавме да се селиме па и цвеќињата тргнаа со мене . Нажалост во меѓувреме започнаа ниските температури а јас требаше да ги изложувам цвеќињата надвор цели 15 мин , па така сега за сега нивната селидба е прекината па од пролет ќе почнеме . Во новиот дом дел од цвеќињата ги наредив на една даска до прозорот каде ќе имаат светлина ,а другите дел ќе бидат на терасата и во по некој од ќошевите .
Подолу ви ги прикажувам тие покрај прозорот . Една од љубичиците сеуште се привикнува затоа беше пресадена само 3 дена пред да ја преселам ама за среќа се забележуваат млади ливчиња што значи напредуваме . За разлика од неа темно виолетовата љубичица започна да цвета . Исто така добро напредува и доларот ,а белата љубичица заради присуството на штетници морав да ја исечам па изгледа малку чудно но сега е во ред . Сега за сега со мене се преселени 8 растенија и едвај чекам да запролети за да ги донесам и другите .