Ова лето кон крајот на јули месец заминавме на кај Валандово . Бевме сместени во едно од Валандвоските села - Удово .Селото беше збиено , луѓето воглавном растрчани секој по своите работи . На лозјата грозјето полека зрееше а лубениците веќе масовно се береа . Првиот ден го поминавме меѓу роднини никој нејќеше да не изостави така да едвам постигнавме .... Удовчани ги доживеав како генерално љубезни и искрени луѓе ....Вториот ден беше определен за посета на градот ,а во текот на третиот ден беше планирано да тркнеме до Дојран и потоа назад за Скопје . Кога влеговме во Валандово тоа беше еден смирен град без гужви и чекања , мало гратче со само една раскрсница на која имаше семафори . Се чувствував прекрасно токму поради таа тивкост во градот ,вистинска оддишка за мојот веќе уморен мозок од секојдневната гужва во Скопје . Во градот не застанувавме зашто времето беше прекратко , па се упативме кон манастирот Св Ѓорѓи . Патот беше тесен , кривулест и нагорен . Постојат два влеза за тој пат во зависност од кој ќе скршнете прво ќе го видите или манстирот или базенот . Манастирот се наоѓа на планината Плавуш а од човекот кој беше одговорен дознав дека е изграден во средниот век како црква а потоа прераснал во манастир .Човеков не беше многу зборлив а јас се чувствував како да се натурам . Местото на кое се наоѓа манастирот е необично тивко смирувачко . Дури и кога зборувавме како да шепотевме не знам ни сама зошто . Погледот е прекрасен восхитувачки на момент ти запира здивот . Половина час седење во дворот беa вистинско уживање и тотално психичко возобнувавање . Се чувствував како да ми се изоструваат сетилата , како плуќата да ми „работи“ со тотален капацитет . Црквата е мала и кога влегувате се симнувате едно скалило надолу . Иконите се некои понови , некои постари . Конаците се исто така мали а во дворот се наоѓаат неколку чешми со необично ладна вода . Толку ладна вода досега не сум вкусила . Оттаму се упативме кон базенот друштвото имаше намера да се бања ... Отпрвин ми сметаше гужвата таму ми требаше едно половина час да се привикнам можеби и повеќе ... Битно зафатив место на стол под сенка пто тој ден беше вистински луксуз и ги гледав како другите се бањаат а размислував за манастирот ....
На сликите погоре е прикажан погледот од дворот на манастирот
Следните две слики подолу се од базенот
За Дојран заминавме третиот ден бидејќи беше претопло седевме кратко и немавме многу време за шетање . Дојран оваа година ми се виде како пријатно место , и за чудо таму јадев една од поубавите пици . .На жалост немав време да разгледам и да се качам до Св Илија Од се највеќе ми привлекоа внимание штрковите ...