Преголема е празнината кога те испраќам и колку и да се обидувам да се навикнам на тоа таа стои таму како дупка од ништо. Црнило кое може да ме голтне .... И колку да се трудам да ја избркам и заменам со убави мисли не иде . Повторно се појавува црно отпрвин малечко потоа се поголемо и поголемо . Некогаш навистина се прашувам дали ќе ме голтне ...
Обожувам да ги бројам деновите кога те дочекувам последните 5 ги шкрткам во календарот . Колку што претходно била голема празнината станува голема возбудата за нови КОМПЛЕТНИ , ИСПОЛНЕТИ денови . Како на онаа празнина токму тоа да и е задача да создаде резерва место за да се всели возбудата таму некаде во мене , не знам каде точно , но битно е ја чувствувам ...
И се така како во циклуси возбуда - празнина .... Живеам за денот кога нема да има потреба да те испраќам далеку туку ќе те чувам блиску блиску и секој ден ќе биде КОМПЛЕТЕН ИСПОЛНЕТ .
П.С Можеби требаше да почекам до Денот „Д “ но возбудата , инспирацијата и желбата за пишување беа преголеми