Saturday, August 7, 2010

Подарок

Завчера кога се разбудив и излегов од мојата соба прво што ми падна во очи беше затворената врата од дневната соба . Значи моите не се дома . Полека дојдов до купатилото каде се расвестував со ладната вода . Откако веќе излегов од полусонот помислив на кафе : нес кафе , обично , некакво ми се пиеше . Сепак ќе ги почекам моите можеби ќе дојдат наскоро па две ќе ми бидат многу помислив . Со чаша ладен сок се сместив пред компјутерот блог,  Facebook набрзина пролистав дали има некој нов наслов и седнав да  се подружам со книгата. По малку време го слушнав крцкањето на клучот на врата . Влегуваа моите . Мајка ми почна да вика по мене . Мислејќи дека се пренатоварени  со тоа што купувале се стрчнав да помогнам . При тоа си ја закачив ногата на бирото и рамото на вратата од мојата соба . На влезната врата стоеше мајка ми со најубавиот подарок  за мене . Цвеќе .

- Види што најдов . Чувар на куќа расцветан - ми рече
Ми подаде еден сукулент со големи , дебели , меснати листови од кои се издигнуваа снопчиња на мали црвени цветчиња . По стебленцата каде на врвот стоеја цветовите имаше листови тие беа со синкастозеленкаста боја. Занесена од неговата убавина го грабнав и излетав на тераса. Го пресадив веднаш , му најдов место на кое што има  доволно сонце , но сепак во најтоплите часови е сенка . Тогаш во очи ми паднаа листовите кои не беа збиени како што тоа беше кај другиот чувар на куќа кој го имам . Провртев на интернет не најдов растение со такви цветови , слични листови најдов , но не сосема исти ... Не бев така сигурна дека е навистина чувар .Бидејќи отприлика знам нешто за сукулентите од типот да не  им се става премногу вода и да се ставаат на топло се водев по тоа , но детаљи за ова растение во случај да не е чувар навистина не знам  Во секој случај растението е преубаво . Јас се надевам дека долго ќе ми прави друштво и ќе ми го украсува домот со преубавите цветови ,а јас навреме ќе ги сфаќам неговите потреби .
Во меѓувреме додека го дотерував постот ја видов пораката што ми ја пратил кактусар  со одговорот на моето прашање дали е чувар или не .Сепак растението е Echeveria а не Sempervivum  кој пак е чувар на куќа . Моите ги зезнала продавачката , но сепак јас сум пресреќна што добив вака убав подарок

No comments:

Post a Comment